Шанова Зоjа. За лингвистичката и екстралингвистичката информациjа во Македонско- рускиот речник

За лингвистичката и екстралингвистичката информациjа во Македонско-

рускиот речник // XXXIII научна конференциjа на XXXIX на међународен

семинар за македонски jазик, литература и култура. Лингвистика. Скопjе,

  1. С. 243-248.

Македонско-руските лексикографски истражуваwа во Русиjа имаат пове}е од четериесетгодишна традициjа. Првиот македонско-руски речник со обем 30000 зборови беше составен од Д. Толовски и В.М. Илич-Свитич под редакциjа на Н.И. Толстоj и се появи во печатот во 1963 година.[1] Ова дело е «прво завршено … опишуваwе на лексичкото богатство на македонскиот jазик».[2] Речникот беше обjавен до завршуваwето на работата над Речникот на македонскиот jазик со српскохрватски толкуваwа.[3]

Македонско-рускиот речник на Д. Толовски и В.М. Илич-Свитич jа одрази состоjбата на македонскиот jазик од првите 15-18 години од неговиот развоj по кодификациjата во 1945 г., содржи голем броj турцизми, диjалектизми и зборови, кои што кон краjот на ХХ-иот век станале архаични. Беше созреана неопходноста за составуваwе на нов македонско-руски речник, коj би jа одразил современата состоjба на македонскиот литераттурен jазик.

Во 1997 г. во Скопjе беше издаден составениот од руски слависти тритомен Македонско-руски речник[4] (65000 зборови) под редакциjа на академик Рина Усикова, раководител на проектот, со jазичен конзултант Роза Тасеска. Како основен извор на лексиката за тритомниот Македонско-руски речник послужи Речникот на македонскиот jазик со српскохрватски толкуваwа (66000 зборови), коj многу пати се преиздаваше, но без промени и дополнуваwа, затоа во Македонско-рускиот речник беа користени исто така и посовремени извори – правописни речници на македонскиот jазик, речници на странски зборови, терминолошки речници, двоjазични речници, ме|у кои на прво место треба да се одбележи Македонско-рускиот речник на Ксениjа Гавриш,[5] издаден во 1969 г. Во тритомниот Македонско-руски речник беа вклучени голем броj фразеологизми, а за илустрациjа на употребата на лексемите беа користени многу примери.

Тритомниот Македонско-руски речник беше издаден со незначителен тираж, во Македониjа брзо бил потршен, а во Русиjа воопшто не се продавал. Авторскиот колектив сметаше дека е неопходно да создаде нов македонско-руски речник, земаjки го предвид новиот лексички материjал, лексиколошките и лексикографските разработки од последниве години, а исто така забелешките и упатствата на рецензентите[6] и колегите.

Македонско-рускиот речник од 2003 г.[7] (МРР) со обем 40000 зборови излезе под редакциjа на Р. Усикова и Е. Верижникова. Раководител на проектот е Р. Усикова, коjа од 1971 г. предава македонски jазик на Московскиот државен универзитет, познат истражувач на македонскиот jазик, автор на ред граматики и граматички разработки, обjавени во Македониjа и во Русиjа. Речникот е наменет за руски и рускоjазични корисници, затоа во прилогот кон речникот е содржана кратка граматика на македонскиот jазик, напишана од Р. Усикова.

Задачата, што си jа поставиjа авторите, е да се одрази општоупотребливата лексика на современиот македонски jазик – државен jазик на самостоjна Република Македониjа од 1991 г., во врска со што се прошириjа функциите и сферата на неговата употреба. Настапиjа промени во некои jазични сфери, например во областа на терминологиjата, во употребата на македонскиот jазик во армиjата и т.н. Како и порано, за Македониjа е карактеристична диглосиjа, «што се проjавува во сознателниот избор на родниот или на неродниот jазик (диjалекат, просторечие) во одредени комуникативни ситуации».[8]

Со особеностите на jазиковата ситуациjа во Македониjа се обjаснува вариjативноста на jазичните средства.[9] Затоа во МРР во ред случаи во една речничка статиjа се сврзуваат по неколку лексички вариjанти: бескраj и бескраjност ж бесконечность, беспредельность; компир/ен (~на) и компиров (~а) картофельный; мразарник м и мразарница ж ледник; смес и смеса ж 1. смесь; сплав 2. перен. смесь, сешение, помесь; оган и огин …; привлекува и привлечува несов….; раскопина и раскопка ж…; работодавач и работодав//ец (~ци)…; ревма ж и ревматиз//ам (~мот) м мед. и реума м мед. …; глувост, глувота и глувоти ж …и т.н.

Обемот на новиот речник е редуциран за сметка на исклучуваwе на архаични зборови, притоа се зачувани историзми, неопходни за читаwе на историска, фолклорна литература и на белетристика, и некои турцизми, преминале во разговорен стил (од типот бастиса, баш, башка, гаjле, саjби и др). Исфрливме многу фразеологизми, значително го скративме илустративниот материjал. Според Л.В. Шчерба би требало да се наведуваат пове}е употреби на зборовите во речникот, но поради ограничениот обем на двоjазичниот речник моравме да жртвуваме со нешто.

Во прилогот нема речник на кратенки и на географски имиwа (поважни географски имиwа влегоа во основниот речников корпус). Воведните упатства се даваат само на руски. Во МРР исто така не се вклучени лексеми, изведени според регуларни модели со помошт на суфиксите, претставени во граматичкиот прирачник (с. 815-816): вторични имперфективи со суфиксот -ува, глаголи од несвршен вид со суфиксите -а, -ава, -ва, именки со деминутивни и аугментативни суфикси, именки со значеwе на лица од женски пол со суфиксите -ица, -ичка и т.н. Не се вклучени прилозите, изведени од придавки (од типот широко, високо, важно и слично), именките со суфиксот -ост, изведени од придавки (од типот важност, формалност). Скратен е обемот на прекфиксалните глаголи: глаголските префикси со нивните значеwа и примери се наведуваат засебно. Бидеj}и МРР е наменет за руски и рускоjазични корисници, покраj еквивалентите-именки не се наведува ознака за родот дори во случаите кога родот на руската именка не се совпа|а со македонската.

Сето тоа овозможи да се скрати обемот на МРР. Како што ве}е одбележав, авторите на МРР не се откажаа од ред диjалектни, просторечни зборови, кои често се сретнуваат во секоjдневниот говорен jазик, во литературата и во медиумите. Во МРР широко е застапена научно-текничка, спортска, воена и др. терминологиjа (но не и тесноспециjалната). Терминологиjата има во МРР соодветни ознаки биол., воен., геол., лингв., лит., спорт., тех., физ. и т.н. Научниците истакнуваат, дека секогаш е «тешко да се наjдат обективни критериуми за избор на специjалната лексика за неспециjални речници».[10]

МРР е пополнет со нови зборови и изрази, влезени во македонскиот jазик кон краjот на ХХ век-почетокот на ХХ1 век, кои не се влезени во тритомниот Македонско-руски речник: голгетер м спорт. бомбардир, результативный игрок; дампинг м демпинг; мобилка разг. ж и мобилник м мобильник, мобильный телефон; компjутер м компьютер; компjутеризира сов., несов. компьютеризировать; компjутерск//и (~а) компьютерный; постер м рекламный плакат, афиша, постер; постериор//ен (~на) случившийся после чего-л.; рентакар м прокат автомобилей и т.н.

Внесени се нови значеwа и употреби, развиени каj некои зборови. Напр., комбинаци ж 1. комбинация, сочетание 2. комбинация, система приемов 3. (экзаменационный) билет ◊ во ~ спорт. в общем зачете – третото значеwе и фразеологизмот се дополнети во МРР.

Сите зборови во МРР имаат неопходна граматичка карактеристика. Методиката на воведуваwето на граматичките белези е опишана подробно во делот «За користеwе на речникот» (с. 5-11).

Во стручната литература се опишува поврзаноста на прагматичката информациjа со семантичката. Идеите на прагматиката, се зародиле првобитно во реториката, во логиката и во психологиjата, подоцна се развиле во руската лексикографиjа во 20-тите-30-тите години на ХХ-тиот век во научните дела на Л.П. Jакубински и Б.А. Ларин. Тие пишале за субективноста на оценката на ситуациjата од аспекат на говорителот и за неговиот однос кон изнесените зборови, иако терминот «прагматика» во овие трудови не се споменува.[11] Под прагматичка информациjа се подразбира збир разнообразни односи, оценки (естетски, емотивни, морални, социjални и слични), поврзани со функционираwето на зборот.[12] Во речникот се користат ознаки, кои покажуваат емоционална и стилистичка оценка: разг., ирон., неодобр., презр., вульг. и т.н.[13]

Составувачите на речникот користат логички начин на општуваwе на лексикалните значеwа, традиционален за двоjазичните речници. Еквивалентниот начин на семантизациjата се користи во случаите на полно совпа|аwе на значеwето на зборот во двата jазика: зглоб м анат. сустав; млечка ж. бот. одуванчик и т.н. Значеwето на зборот се дава и со низа еквиваленти, синонимни дефиниции, кои jа разкриваат логичко-предметната содржина на зборот: млачиште с топь, болото; неканет (~а) незваный, непрошеный; соyре (~в) сов. увидеть, заметить и т.н. Семантичката структура на многузначниот збор исто така може да биде предадена со еквивалентен превод: голтка ж 1. глоток 2. глотка; коло с 1. колесо 2. серия (изданий) 3. спорт. круг, тур и т.н. Значеwето на зборот се предава со соодветна група зборови со опишувачко толкуваwе, кои го прецизираат значеwето на еквивалентот: соли неизм., прил., разг. из хорошей семьи; хорошего происхождения, породистый; поткуплив (~а) продажный, берущий взятки и т.н.

Во преводните речници се предава пред се предметно-поимната содржина. Принципот на разкриваwе на содржината на зборот само преку поим, преку превод е недостатен, не може да jа одрази сета национално-културна особина. Одамна е одбележана «зависноста на семантиката на jазикот од културната средина на индивидумот».[14] Врската на зборовите и нивните значеwа со обективниот свет на предметите и поjавите е толку тесен, што речникот не може да помине без опишуваwе на екстралингвистичката информациjа, коjа се содржи во jазичната единица. Оваа информациjа во двоjазичниот речник треба да биде компактна, речникот треба да дава «максимум информациjа на минимум место». [15] Например во МРР: баxанак м свояк (муж жениной сестры); гуна и гу ж 1. гуна (крестьянская куртка из грубого сукна) 2. накидка (для защиты от холода и дождя); коледачка ж фольк. палочка (для поздравления с рождеством); колак м 1. калач 2. колак (подкладной кружок для ношения тяжестей на голове); комита м ист. комита (партизан – борец против Османской империи); лазарица и лазарка ж девушка, поющая песни в субботу Лазаря; опинок м опинок (крестьянская обувь из кожи); опута ж кожаный шнурок для опинка и т.н. В.Д. Девкин подвлекува: «Справочный характер требует лапидарности подачи материала. Словарь не должен превращаться в ученые записки».[16]

Во современата лексикографиjа се дискутираат прашаwа, поврзани со семантиката на зборовите, со строежот и типовите на речничките дефиниции, со соодносот на значеwето и употребата, со методот на изделуваwе на лексико-семантички вариjанти, со редот на местото на значеwата на многузначните зборови во речниците од различен тип, со соодносот на лингвистичките и екстралингвистичките компоненти во семантиката на зборот. Се спроведуваат научни конференции со лексикографска тематика. Учените признаваат дека «вопросы, связанные с исследованием семантики слов и построением словарных дефиниций, все еще далеки от удовлетворительного решения как в теоретическом аспекте, так и в практике составления словарей. Многое в семантической характеристике слова нуждается в совершенствовании».[17]

Прашаwата, поврзани со семантиката на зборовите и дефинираwето на речничката единица немаат единствено решение. МРР е создаден во традициите на руската лексикографиjа и е едно од возможните решениjа на низа лексикографски прашаwа во македонистиката.

 

[1] Македонско-русский словарь. 30000 слов / Сост. Д. Толовски и В.М. Иллич-Свитыч. Под ред. Н.И. Толстого. М., 1963.

[2] Усикова Р.П. Состояние и проблемы македонской лексикографии // Вестник Московского уинверситета. Серия 9. Филология. 1991. № 1. С. 9.

[3] Речник на македонскиот jазик со српскохрватски толкувања / Составувачи Т. Димитровски, Б. Корубин, Т.Стаматоски. Ред. Б.Конески. Скопjе, 1961-1966.

[4] Македонско-руски речник /Автори-составувачи Р. Усикова, З. Шанова, М. Поварницына, Е. Верижникова. Ред.акад. Р. Усикова. Скопjе, 1997.

[5] К. Гавриш. Македонско-руски речник. Скопjе, 1969.

[6] Клепикова Г.П. Македонско-русский словарь //Славяноведение,1998. № 5. С.101-105; Трофимкина О. Новый словарь современного литературного македонского языка //ЯЛИК. СПбГУ. № 38. Февраль 2000. С.10-11; Виндл К. (Канберра. Австралийский союз). Заметки о современном состоянии македонско-русской лексикографии //Вопросы языкознания, 2001. № 3. С. 40-49.

[7] Усикова Р.П., Шанова З.К., Поварницына М.А., Верижникова Е.В. Македонско-русский словарь. Свыше 40000 слов / Под общей редакцией Р.П. Усиковой и Е.В. Верижниковой. М., 2003.

[8] Усикова Р.П. Языковая ситуация в Македонии и явления языковой интерференции и диглоссии в македонском языке // Македонский язык, литература и культура в славянском и балканском контексте. Материалы международной российско-македонской научной конференции (Москва, 15-16 сентября 1998 г.). М., 1999. С. 18

[9] Усикова Р.П. Языковая ситуация в Республике Македония и современное состояние македонского языка // Славяноведение, 1997. № 2. С.13.

[10] Берков В.П. Двуязычная лексикография. СПб., 1996. С. 46

[11] А.В. Зеленин. Из истории прагматики //// Лингвистическая прагматика в словаре: виды реализации и способы описания. Сборник статей. Под ред. Г.А. Скляревской. СПб., 1997. С. 105.

[12] Скляревская Г.Н. К вопросу о прагматической информации в толковом словаре: возможны ли прагматические пометы? // Лингвистическая прагматика в словаре: виды реализации и способы описания. Сборник статей. СПб., 1997. С.5.

[13] Македонско-руски речник /Автори-составувачи Р. Усикова, З. Шанова, М. Поварницына, Е. Верижникова. Ред.акад. Р. Усикова. Скопjе, 1997. С. 12-14.

[14] Комлев Н.Г. О культурном компоненте лексического значения // Вестник Московского университета. Филология. 1966. № 5. С.116-117.

[15] Берков В.П. Двуязычная лексикография. СПб., 1996. С. 4.

[16] Девкин В.Д. Лексикография – проклятый жанр // Лексика и лексикография. Сборник научных трудов. Вып. 11. М., 2000. С. 21.

[17] Кузнецова О.Д., Сороколетов Ф.П. Семантическая характеристика слов в диалектном словаре// Проблемы лексикографии. Сборник статей. Под ред. А.С. Герда и В.Н. Сергеева. СПб., 1997. С. 28.